Распределбата на ваучерите за инвертер-клими е според предвидената динамика, велат од Министерството за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно се реализира процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими.

Во текот на вчерашниот ден во Центрите за вработување низ државата поделени се над 90% од вредносните ваучери, а во Скопје и Битола каде што доделувањето беше во СЦ „Борис Трајковски“ односно спортска сала „Боро Чурлески“ беа поделени 79% и 64% од предвидените ваучери. Со оглед на бројноста на добитниците на вредносни ваучери од овие два града, како и во Прилеп (во Центарот за вработување) доделувањето на ваучерите е на истите локации и денес. Во моментов на трите локации нема редици и процесот тече во добар ред согласно предвидената динамика, соопштија од ова министерство.

Министерството ги известува сите оние кои сè уште ги немаат подигнато своите ваучери дека истото можат да го сторат од понеделник, па до крај на месец ноември, во просториите на Министерството кое се наоѓа на почетокот на улица Македонија спроти Музеј на Град Скопје.

Министерството, како што велат, останува достапно за сите дополнителни прашања, при што редовни информации за тековните активности се објавуваат на нашата веб-страница и преку отворени телефонски линии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.