Антикорупциската комисија бара да се поништат одлуките за назначување членови на УО во Академијата за судии и јавни обвинители

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побара поништување на одлуките за назначување членови од редовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители во упрвавниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).

 

ДКСК смета дека одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за АСЈО и ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават надвор од сила овие одлуки.

 

„Избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција што ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“, истакнуваат од ДКСК.

 

Се наведува дека назначувањето на членови во управниот одбор на Академијата треба да биде од редовите на судиите, односно на јавните обвинители, а не од редовите на членовите на овие две тела.

 

Судскиот совет и Советот на јавните обвинители тврдат дека нема ништо незаконито во нивните одлуки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.