Модернизацијата на Армијата тече во согласност со плановите, подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (8 ноември), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, присуствуваше на брифинг, на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила Stryker во рамките на Армијата.

 

На брифингот присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

 

Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и во согласност со плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година.

 

На овој брифинг му претходеше еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4. бригада за асистенција во безбедноста од САД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.