Малолетник со метален предмет повредил млад кавадарчанец во Гевгелија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Ноември 2024
27-годишник бил повреден со метален предмет од страна на малолетник при групна тепачка на градската депонија во Гевгелија.
– На 10.11.2024 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода малолетник од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на градската депонија во Гевгелија, тој со метален предмет му нанел повреда на М.А.(27) од Кавадарци, со престој во Гевгелија, информираа од полицијата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс