Зголемен бројот на странски туристи кои годинава ја посетиле Македонија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Ноември 2024
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2024 година изнесува 134 829, од кои 24,6 отсто се домашни туристи, а 75,4 проценти се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31,9 се од домашните туристи, а 68,1 отсто од странските туристи.
„Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен 8,3 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1,2 процент, а кај странските има зголемување за 14,2 отсто“, соопшти Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен 5,0 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,2 отсто, а кај странските има зголемување 8,8 проценти.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс