Потребни ни се најмалку 1.000 лекари – итно и без одлагање, вели Таравари
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Ноември 2024
Во македонското здравство недостигаат најмалку 1.000 лекари, изјави министерот за здравство Арбен Таравари за „Гласот на Америка“.
„Во Македонија итно и без одлагање се потребни минимум 1.000 лекари, барем до крајот на следната година“, рече Таравари.
За да се надмине оваа состојба, вели министерот, Владата одлучила да вработи 600 приватни специјалисти, од кои 300 до крајот на оваа година, а уште триста во текот на следната.
Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1.200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс