„ЕУ мора да биде јасна за проширувањето“: средба на претседателката Сиљановска Давкова со чешкиот премиер Петр Фијала
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Ноември 2024
Претседателката Гордана Сиљановска -Давкова во рамките на учеството на самитот за климатски промени КОП 29 во Баку оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фијала.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес.
Претседателката Сиљановска-Давкова ја изрази решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република како на билатерално и мултилатерално политичко ниво така и во доменот на економската соработка.
Претседателката Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.
На средбата претседателката Сиљановска-Давкова посочи на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан не оставајќи простор за нејасности
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс