Уапсен криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Ноември 2024
Вчера во 17.10 часот на ул. „Џумајска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Б. (45) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела по чл.235 ст.1 (кражба) од КЗ.
При преглед кај лицето, пронајдени се фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, соопшти полицијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс