(Видео) СДСМ предлага зголемување на платите на полицајците за 20 отсто
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Ноември 2024
СДСМ предлага 20 отсто зголемување на платите на полицајците. Ексминистерот на МВР и пратеник, Оливер Спасовски, го оцени предлог-буџетот за 2025 година како погубен, посочувајќи дека тоа ќе значи уште една загубена година за економијата, за граѓаните и за полицајците.
Вели дека за полицијата да биде вистински сервис во едно демократско општество, мора да има и мотивирани полицајци, а таа цел со овој амандман целосно се исполнува.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани. Во изминатите години СДСМ силно инвестираше и во подобрување на животниот стандард на граѓаните и на модернизација и подобрување на условите за работа“, рече Спасовски.
Покрај платите, СДСМ има амандман и за набавка на нови современи технички средства. Опозициската партија бара пренамена на пари за 4 нови командни центри. Поднесен е амандман и за 30 специјализирани дронови за работа на полициските сили, за набавка на 300 напредни комуникациски уреди како и 50 уреди за мерење на издувните гасови на возилата.
СДСМ поднесе над 200 амандмани на Буџетот за идната година
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс