Маж од Куманово измамен за 200.000 денари од лажна агенција за биткоини
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Ноември 2024
Вчера во 14.30 часот во СВР Куманово, 45 – годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари. Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства.
Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс