Косовец и Австриец фатени како криумчарат 18 лица од Сирија, заработија кривична

Поднесена е кривична пријава против 61-годишниот У.Х. од Косово и против 27-годишниот К.Н од Австрија поради криумчарење на 18 мигранти од Сирија.

 

Првиот настан се случил во близина на границата со Грција каде 61-годишниот Косовец бил запрен од страна на полицијата и во возилото што го управувал биле затекнати мигрантите.

 

„Имено пред 5 дена, на 13.11.2024 во с. Богородица, гевгелиско, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „фиат добло“, при што биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија“ велат од МВР.

 

Вториот случај е од македонско- српската граница во близина на село Табановце каде државјанинот на Австрија се обидел да и избега на полицијата.

 

„На 13.11.2024 во с.Табановце, кумановско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени осум мигранти од Сирија. Притоа, тој се обидел да побегне, но бил фатен и приведен“, додаваат од МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.