Царинските управи на Македонија и Црна Гора потпишаа протокол за електронска размена на податоци
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Ноември 2024
Електронска размена на податоци помеѓу Македонија и Црна Гора пред пристигнување на стоката на граница, со цел подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царински измами, како и забрзување на легалната трговија помеѓу двете држави. Податоците ќе се разменуваат во рамки на SEED + системот.
Ова е предвидено со Протоколот што беше потпишан денеска во Будимпешта, од страна на директорот на македонската Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на црногорската царина, Маја Вучиниќ.
Протоколот се потпиша на маргините на дводневниот состанок „Унапредување на регионалната соработка“ во Будимпешта на кој присуствуваа генералните директори и високи претставници на царинските управи од Западен Балкан и од земјите членки на Европската унија. Настанот беше организиран под покровителство на унгарската даночна и царинска агенција во рамки на Унгарското претседателство со Советот на ЕУ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс