Жртви на врсничко насилство најчесто се послабите и повлечените деца, насилници пријавени и помеѓу второ- и третоодделенците

Во пресрет на 20 ноември, Светскиот ден на детето, Народниот правобранител најави кампања за подигање на свеста за заштита на децата од врсничко насилство, со поддршка на проектот на ЕУ преку владеење на правото.

 

Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, по тој повод изјави дека врсничкото насилство особено е присутно во основните и средните училишта, но и надвор од нив, во парковите.

 

„Во институцијатата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу 30, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние, сè уште не ги препознаваме другите облици на насилство“, рече Бајрамовска-Мустафа.

 

Според податоците со кои располагаат, најголем број од повредите се случуваат во основното образование, а помалку во средното. Насилство има на многу мала возраст, кај деца од второ, трето одделение, што укажува на сериозноста на проблемот.

 

Истражувањата покажуваат дека насилството многу често се користи како алактка за прикажување моќ од страна на децата и речиси секогаш жртви се или послабите деца или оние што се повеќе повлечени, децата со попреченост, но и децата што потекнуваат од сиромашни или неедуцирани семејства.

 

Нагласи дека треба да се вложи многу во промена и потребни се средства од секаков аспект: финансиски, киадровски, доедуцирање за препознавање на насилството, а неопхони се и разговори за другарување, сочувство, учење за толеранција и почитување на различностите. Целта на кампањата е да ја испрати оваа порака до родителите, наставниците, медиумите и другите општетствени фактори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.