До јануари ќе се заврши експропријацијата за изградбата на коридорите, најави Николоски

До јануари 2025 година ќе ја завршиме целокупната експропријација за изгардба на автопатите на коридор 8 и 10, најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

 

„Во однос на експропријацијата имаме голем прогрес и можам да Ви кажам дека за изградбата на коридорите 8 и 10, до јануари следната година ќе заврши целокупната експропријација. Само за споредба, откако беше потпишан договорот па се до мојот избор на министер, а тоа е период од 2 години, експропријацијата беше со прогрес од 25 отсто. За овие вкупно шест месеци ќе се завршат овие 75 проценти што многу зборува за посветеноста или ако сакате за најтешката делница Гостивар – Букојчани или популарно наречената Стража, до август месец беа завршени околу 400 постапки од вкупно 1290 кои што треба да се завршат.  Од тие 400 до тие 1290 ќе ги завршиме за следниве 5-6 месеци така што крај на јануари целокупната експропријација на коридор 8 и 10 д со исклучок на делот кој зафаќа во делот на заштитената зона во Охридското езеро ќе биде завршена“, изјави министерот Николоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.