Филипче ѝ го честита изборот на Шекеринска за втор човек на НАТО: „Успешно ќе се справи со предизвиците“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Ноември 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО.
„Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено-политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се справи со најголемите предизвици што ѝ претстојат. Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех Северна Македонија уште еднаш ги потврдува својата вредност и капацитетот да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО, која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност“, порача Филипче.
Според него, назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и, како што вели, историскиот успех на СДСМ и владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО.
Претходно денес, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар.
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата која е потребна за да се приклучи на алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, истакна Руте.
Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс