СДС го уништи домашното производство на струја, поради нив, потребно е да се увезува струја, реагира ВМРО-ДПМНЕ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Ноември 2024
„СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја. Да инвестираше СДС во нови производствени капацитети изминативе седум години или да се потрудеше да ги одржува подобро постојните, увозот на струја не би бил толкав“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Наместо развој на енергетскиот сектор, АД ЕСМ е затекнато со доспеани и неплатени долгови од 82 милиони евра, нула инвестиции во нови производни капацитети, прекумерно и неплански трошен хидропотенцијал. Потоа, затекната е катастрофална состојба во рудниците во РЕК Битола, без откривка на јаглен, несоодветно направени ремонти или воопшто неизвршени техничко технолошки зафати во пресрет на грејната сезона, увоз на скап и неквалитетен јаглен што предизвика оштетување на термо постројките, сомнежи за злоупотреби при јавните набавки. Ова се само дел од состојбите кои ги создаде СДС со неговото менаџирање во енергетиката. Само декларираните „шампиони во енергетиката“ го доведоа енергетскиот систем пред колапс.
Функционерите во СДС, кои го ограбуваа енергетскиот сектор во Македонија, кои сега се кријат зад партиски соопштенија да се подготват за одговорност. Јавноста брзо ќе дознае како оваа партија се однесувала кон државниот имот и зошто домашното производство на електрична енергија никогаш не било во полоша состојба“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс