Кривична пријава за поранешниот министер за култура Исмаили, го општетил буџетот за половина милион евра

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили поради сомнеж за несовесно работење во службата.

 

Од Финансиската полицијаа велат дека во својство на министер тој на 24 јули 2020 година несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на владата од 15 мај истата година недостигаат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање проекти.

 

Со тоа пријавениот предизвикал штета на буџетот на Министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари или 517.196 евра.

 

Исмаили ја извршуваше министерската функција во период од една година, а дојде од редовите на политичката партија Беса.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.