Движењето ЗНАМ за конгресот на СДСМ: Од државотворна, партијата ќе ја раководат луѓе со сомнително минато

Ако овој состав на СДСМ се претставува како новото лице и новата енергија на партијата, тогаш навистина треба да бидат загрижени за својата иднина, истакнуваат од движењето ЗНАМ за Наша Македонија за 30-ти Конгрес на СДСМ.

 

„Директорот на фондацијата Заев, Венко Филипче, вршител на должноста Претседател на Акционерското друштво СДСМ, во доминантна сопственост на кланот од Струмица, денеска на конгресот си избра нов акционер од друштвото на Сорос. Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор во кој нема никаков интелектуален капацитет, ниту реализирани личности во општествениот и јавен простор во Македонија. Жално е што од една државотворна партија во која беше интегриран интелектуалниот крем на Македонија, партијата се сведува да ја раководат луѓе со сомнително минато, луѓе без никакви биографии, загубени и отуѓени од основната идеолошка матрица на социјалдемократијата“, велат од оваа партија.

 

Според нив, како шлаг на тортата ќе биде изборот на секретарите на партијата, со кој ќе се потврди управувачкиот пакет акции на Заеви.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.