Стојаноски: Богаташот од Дубаи, Филипче, бега од поставување пратенички прашања и се крие зад партиската говорница
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Ноември 2024
На денешната седница за пратенички прашања во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски ја критикуваше опозицијата за тоа што само тројца пратеници присуствуваат на седницата во Собрание додека видните функционери на СДС, не ја користат собраниската говорница, туку се кријат зад својата партиска говорница.
„Од партиската говорница, од собраниската говорница, од прес-конференциите можете да обвинувате, да инсинуирате, да лажете, да делите квалификативи, но кога ќе дојде тоа сето да се соочи со оние коишто се одговорни за водење на политиките, кога ќе треба директно да ги прашате, тогаш ги нема“, посочи Стојаноски.
Стојаноски истакна дека истите тие пратеници, доста активно делувале од партиските прес центри, но кога ќе дојде моментот за соочување со претставниците на Владата, доаѓаат само тројца пратеници. Тој додаде дека лидерот на СДС по минатиот дебакл на седницата за пратенички прашања, не се осмелува да дојде повторно.
„Веројатно, богаташот од Дубаи, по она коешто го доби како средување претходниот пат, на памет не му паднало да дојде тука да постави прашање“, нагласи Стојаноски.
Стојаноски појасни дека, доколку пратениците од опозицијата имаат некакви прашања поврзани со конкретна тема, можат да се обратат во Собранието, на седница за пратенички прашања и да се обратат кон претседателот на Владата и кон министрите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс