Словенија останува важен партнер за развивањето на капацитетите – Муцунски се сретна со словенечкиот амбасадор

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

 

На средбата, беа потврдени одличните билатерални односи и успешната соработка, заснована на меѓусебна поддршка и почитување, за што, меѓудругото, потврда се и средбите на високо ниво во изминатиот период.

 

Соговорниците се осврнаа и на актуелните состојби, како во двете земји, така и во регионот, со посебен фокус врз процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија. Министерот Муцунски упати благодарност за досегашната силна и отворена поддршка на Република Словенија во овој процес, пренесувајќи ги очекувањата дека истата ќе продолжи и во наредниот период.

 

Двете страни се согласија дека Република Слоенија останува исклучително важен партнер за развивањето на капацитетите за остварување на нашите надворешно-политички приоритети, како и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.