Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници, пакетчињата за деца под посебен мониторинг
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Декември 2024
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент на контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, АХВ апелира до операторите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување, подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба. За ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата.
Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама“, велат од АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира и до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти, кои се под контрола на инспекциските служби на АХВ.
Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната граѓаните може да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски, на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 или електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс