Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство, рече министерот Тошковски

Поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги демантира вчерашните објави во некои од медиумите дека Ковачевски се откажал од македонско државјанство и рече дека институциите работат на негово обезбедување.

 

„Лицето не е достапно на органите на прогонот. Тие ќе сторат сè во рамките на својата законска надлежност за постапување сè со цел тоа да биде обезбедено и биде изведено пред лицето на правдата. Вчера, имаше многу шпекулации во однос на тоа каде се наоѓа посоченото лице, во делот на тоа дали се откажал од македонско државјанство и во делот на тоа дали има македонско државјанство. Она што е факт е дека посоченото лице е во рамките на регистарот на државјани на Македонија, тој е македонски државјанин и не побарал отпуст во согласност со информациите што ги имам во овој момент“, рече денес министерот Тошковски.

 

Тој уверува дека органите на прогонот и надлежните институции, секој во рамките на своите надлежности, работат за да го изнесат Ковачевски пред судот. Полицијата трага по Ковачевски од вчераутро кога 23 лица беа уапсени под сомнение дека се здружеиле и направиле криминал тежок над 6,5 милиони евра во ЕСМ, РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.