Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите, велат од Владата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Декември 2024
Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите. За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади, велат од Владата.
„Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет. Додека пак, финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис, значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови. Преку различна поддршка, мерки и проекти работиме за задржување на младите и студентите иднината да ја градат тука во сопствената држава. Токму затоа како Влада се обврзавме на вклучување на младите во носење на важни одлуки и слушање на нивните проблеми и барања“, посочуваат од Владата и дополнуваат:
„Владата е партнер на младите и студентите. Посветено и одговорно работиме и придонесуваме за подобар живот за сите, иднина и просперитет“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс