(Видео) Петрушевски: Само на Венко Филипче и СДС не им пречело однесувањето на Груби во владата, дури и Бујар Османи се откажа од него
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 25 Декември 2024
Само на Венко Филипче и СДС не им пречело однесувањето на Груби во владата, криминалот и корупцијата, дури и Бујар Османи се откажа од него, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако Бујар Османи знаел за Груби и му сметало неговото однесување, зарем некој верува дека за тоа не знаеле Заев и Филипче?
ДУИ бараат начин како побрзо народот да го заборави дека воопшто Артан Груби бил нивен кадар, само СДС смислува нови начини како да го брани“, кажа тој.
Праша зошто СДС го брани Груби? Зошто смислува разни приказни? Едноставно е како што рече, Груби беше алатка која ги држеше да не паднат уште пред 2 години.
„СДС, Заев кој му ја предаде партијата на Ковачевски и Венко Филипче кој го наследи, го темелеа целиот свој систем на владеење на ДУИ и Груби. За да останат ден повеќе на власт му дадоа на Груби одврзани раце да краде.
Откако првин дозволија да направи криминал, потоа и му се придружија. Врвот на СДС беше соизвршител на Груби.
СДС сега фрла пердуви, знаат дека Груби води до нив.
Бегството на Груби му одговара само на СДС, зошто така ќе излезат на површина сите криминали кои ги правеле“, констатира Петрушевски.
Според него, џабе им се сите изговори. Колку и да се препелкаат СДС во калта во која живи тонат, не може да се спасат од одговорност, оценува тој.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс