Делегација на СДСМ оддаде почит за ликот и делото на Киро Глигоров првиот претседател на независна Македонија

Делегација на СДСМ, претставена од потпретседателката Каја Шукова, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ и пратеникот Митко Трајчулески, денеска положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Македонија.

 

„Денеска се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство постави темели на модерната македонска држава. Неговите вредности, историските одлуки и државничкиот пристап оставија трајни белези во нашето општество и се патоказ за нашата борба за напредок и просперитет.

 

Киро Глигоров е симбол на дијалог, помирување и обединување. Во најтешките моменти за нашата држава, тој покажа лидерство и визија кои овозможија стабилност и напредок. Неговата верба во заедништвото, демократските вредности и европските перспективи остануваат наша инспирација за иднината.

 

СДСМ ги следи патеките на визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија.

 

Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“, стои напишано во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.