Жена загина на скопската обиколница – се движела пеш по автопатот или паднала од надвозникот кога во неа удрил автомобил
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Јануари 2025
Жена загина на скопската обиколница во несреќата што се случи синоќа.
Од Обвинителството по увидот соопштија дека се утврдуваат точните причини и околности под кои се случил настанот, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол.
Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.
Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс