(Фото) Ѓорѓиевски: Голема е мојата чест, што заедно со Мицкоски сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки! Се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

 

 

„Ова е најголемата радост за нас, православните Христијани!Малите златни ангелчиња од цело Скопје во огромен број пеејќи ја „Вечниот Бог” го најавија раѓањето на нашиот Бог Исус Христос а ние, како домаќини и како што доликува на нашата вековна традиција – ги дарувавме со коледарски пакетчиња. Она што ме прави исклучително горд е што Македонија е повторно горда и повторно живее во духот на вистинските вредности, одбележувајќи го највеличествениот Бадник во регионот.

 

 

Македонија почива на тие вредности, опстојува почитувајќи ја верата и традицијата. Затоа ние ја продолжуваме! Дефинитивно ова се најрадосните денови кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака.

 

 

Посакувам да трае во текот на целата година! Дечиња, ви благодарам за прекрасниот ден! Благодарам на сите кои придонесовте ова да изгледа толку прекрасно!

 

 

Ви благодарам што ја чувате традицијата и благодарам на вашите родители што ве водат по патот на вистинските вредности!Нека е за многу години овој голем празник, да си дочекаме уште многу вакви убави моменти. Бог нека дарува здравје и љубов на сите!

 

 

Честит Бадник“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.