(Видео) Кироска: Градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата елементарна непогода која било кога ја зафатила општина Прилеп
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 01 Февруари 2025
Градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата елементарна непогода која било кога ја зафатила општина Прилеп, кажа денеска Ирена Кироска, членка на ИО СДСМ Прилеп.
„Не само заради раскопаните улици потонати во темница, глутниците кучиња, покачениот данок на имот, зголемената цена на водата и поскапените комунални услуги, туку и заради големата лага наречена – детска градинка „Бајка“. На ова исто место, како на лента се менуваа Борче Јовчески, Христијан Мицкоски и останатите прилепски функционери од ДПМНЕ, кои даваа помпезни ветувања дека „градинката само што не е ставена во употреба“. Меѓутоа ниту после 40 месеци владеење на локално и 8 месеци на централно ниво, ДПМНЕ и Јовчески не успеаја да ја пуштат во употреба изградената градинка, наследена од претходната општинска власт. Епската неспособност на општинските власти и внатрепартиските битки во Општинскиот комитет на ДПМНЕ за фаќање подобри позиции пред локалните избори, се главната причина што градинката „Бајка“ се уште зјае празна“, вели Кироска.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс