Апасиев предлага законски измени: ограничен мандат и враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи најави законски измени коишто ќе бидат предложени во следниот период од пратеничката група на Левица во однос на судиите.

„Една од причините за внатрешната пропаст на Византија, меѓудругото, е и фамозното слободно судиско уверување кое е непресушен извор на корупција. Кога на ова ќе го додадете и трајниот судиски мандат, вие добивате привилегирана каста која е недопирлива и не ја фаќа закон (не можете да ја тужите и не одговара за ништо)! Она што ни треба како општество е воведување ограничен судиски мандат (од девет години, по примерот на уставните судии) плус, враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите во случаи на непримена, изигрување или злоупотреба на законите. И да знаете дека ова ќе биде предложено од нашата пратеничка група во блиска иднина. #КорупцијатаУбива” – напиша пратеникот Апасиев на својот Фејсбук профил.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.