Макрон: Европа мора да се погрижи другите да ја почитуваат доколку се загрозени нејзините економски интереси

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат доколку се загрозени нејзините економски интереси. Тој реагираше на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увезените стоки од ЕУ, пренесоа француските медиуми.

„Доколку нашите трговски интереси бидат нападнати, како сила која има свои сопствени сили, Европа ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат и затоа да реагира“, рече тој по пристигнувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел посветен на одбраната, пренесува францускиот портал 20 Minutes.

Макрон додаде дека неодамнешните изјави од САД ја охрабруваат Европа да биде посилна и пообединета, според Ројтерс.

„Како што Ковид и руската агресија во Украина беа повик за будење за Европа, она што се случува, со одлуките и изјавите на новата администрација на претседателот Доналд Трамп ја охрабрува ЕУ да биде пообединета и поактивна во одговорот на колективните безбедносни прашања“, заклучи тој, пренесува Танјуг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.