СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството

СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството, изјави организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.

 

Тој истакна дека реформите во правосудството бараат надпартиски консензус од сите чинители и парламентарни партии затоа што и самите граѓани тоа го бараат.

 

„Факт е дека е потребна темелна реформа во целиот правосуден систем. Оттука Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието. На таа средба да се изгради надпартиски консензус затоа што постои сериозна опасност доколку еднострано се настапи и ризил од повторна партизација на правосудните органи“ рече Костовски.

 

Опозициската партија додава дека Собранието, законодавниот дом е место кадешто се гради општ консензус и оттука повикуваат на заедничка средба на сите политички партии во Собранието.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.