
Андоновски се обрати на 9-тото издание на Italian design day: фокусот е следење на трендовите и технологиите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 21 Февруари 2025

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на 9-тото издание на „Italian design day“, во организација на Амбасадата на Република Италија во соработка со Италијанската трговска агенција. Андоновски истакна дека ова е одлична прилика и можност да се разговара со нашите пријатели од Италија, и преку примери да размениме искуства за предизвиците и можностите со кои се соочува нашата држава за надминување на нееднаквстите, урбана иновација, технологија и одржливост.
Андоновски на настанот се осврна и на тоа дека фокусот на министерството е следење на трендовите и технологиите, и дека министерството е посветено на креирање на систем кој обезбедува достапни и инклузивни услуги за сите граѓани.
„Нашиот фокус е да ја направиме технологијата да биде разбирлива и лесно достапна, да ја понудиме едноставноста и ефикасноста која ќе го намали товарот за секој граѓанин.” изјави Андоновски.
Тој додаде дека нееднаквосите не се решаваат преку еден проект или едно решение, туку тоа е контиуниуран процес кој бара посветеност, иновација и партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор, како и постојана едукација на сите наши граѓани.
„Мојата визија е да изградиме едно општество каде технологијата не само што ја подобрува секојдневната ефикасност, туку го прави животот на секој граѓанин полесен, подобар и подостапен.” заврши во своето обраќање министерот Андоновски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
