
Меџити: 9 милиони денари за новата водоводна и канализациска мрежа на улицата Неџат Аголи во Серава
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 21 Февруари 2025

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска, заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на почнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализациската мрежа на улицата Неџат Аголи во општина Чаир.
Меџити истакна дека вкупната вредност на проектот поддржан од МЖСПП е над 9 милиони денари, и истиот е многу суштински проект за жителите на улицата Неџат Аголи и додаде дека на Чаир, во 2025 година му следуваат дополнителни 9 милиони евра.
‘Со овој проект ќе се поврзат над 50 домаќинства на новата водоводна и канализациона мрежа, а по неговото завршување за два месеци жителите ќе имаат и целосно асфалтиран пат’, изјави првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој додаде дека со овој проект, започнува имплементација на низа инфраструктурни проекти, околу 50, во општина Чаир во вредност со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, со вкупна вредност од 2.8 милиони евра.
Како Министерство и како Влада, додаде Меџити, инвестираме во сите општини со една единствена цел – подобрување на животниот стандард на граѓаните кои ни дадоа глас и поддршка да работиме за нив.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
