(Видео) Серафимовска-Борозан: Власта со месеци не го основа инспекторатот за употреба на македонскиот јазик

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со гордост може да кажеме дека со своите државнички политики СДСМ успеа да го заштити, да го афирмира и да го унапреди македонскиот јазик, изјаваи на прес-конференција Маја Серафимовска-Борозан од Форумот на жените на СДСМ.

 

 

Таа рече дека македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, со потпишување на договорот со Фронтекс тој стана дел од јазиците што официјално се користат во Европската Унија.

 

„Со буџетски средства ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во институтот за македонски јазик, со што трајно заштитивме 5 милиони вредни записи на македонски текстови. Го поддржавме и проектот за дигитализиран Толковен речник на македонскиот јазик. Го дигитализиравме и Правописот на македонскиот јазик, со што овие значајни јазични ресурси стануваат подостапни за пошироката јавност. По 24 години, првпат во време на владата на СДСМ обезбедивме нови вработувања на научници во Институтот за македонски јазик. Минатата година го донесовме и Законот за употреба на македонскиот јазик, со што испишавме нова страница во историјата на јазичната и културната политика во нашата држава.

 

Со овој закон се воведоа значајни мерки, меѓу кои и: задолжително лекторирање на сите официјални материјали со јавно објавување на лекторите, вработување лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власт, основање инспекторат за употреба на македонскиот јазик за контрола на примената на законот.

 

Но и стипендирање ученици и студенти на сите нивоа за проучување на македонскиот јазик и отворање нови работни места за лектори во институциите, училиштата, издавачките куќи и медиумите.

 

Овој закон е конкретен доказ за нашата грижа за македонскиот јазик, за неговото унапредување и афирмирање“, изјави Серафимовска-Борозан.

 

Од СДСМ велат дека, за жал, и по 9 месеци, власта нема ништо преземено иако има законски обврски за тоа.

 

Партијаата праша зошто не е основан инспекторатот за употреба на македонски јазик и зошто нема вработување лектори.

 

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик СДСМ ја повикува власта да покаже барем малку грижа за македонскиот јазик и да ги преземе сите законски обврски што досега не се преземени: веднаш да биде отворен инспекторатот за македонски јазик и сите други обврски што не се исполнети, додаде Серафимовска-Борозан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.