Вкупно 12 повредени од пожарот во Кочани попладнево со авион стигнаа во Белград

Вкупно 12 пациенти попладнево пристигнаа во Белград од Македонија. Сите се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

 

Авион со пациенти од Северна Македонија слета на аеродромот во Батајница попладнево, по што следеше трка со времето.

 

Пациентите со амбулантни возила биле превезувани во болниците.

 

На влезот во Ургентниот центар медицинскиот персонал беше подготвен да ги прими пациентите.

 

Лекарскиот тим веднаш реагирал, пишуваат српските медиуми.

 

Претходно беше објавено дека четворица пациенти пристигнаа на ВМА во Белград. Како што објави српски Телеграф, пациентите се во стабилна состојба, а станува збор за три девојки и едно 22-годишно момче. Тие се препратени на клиника за пластична хирургија.

 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, додека повеќе од 150 се повредени





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.