
Уапсен малолетник: се обидел да убие врсник на улица во Лесковац
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 21 Март 2025

Припадници на МВР во Лесковац уапсиле 16-годишник од околината на тој град, под сомнение дека со нож се обидел да убие врсник.
Тој е осомничен за кривично дело убиство во обид, информираат од Полициската управа во Лесковац, пренесува Танјуг.
Се сомничи дека вчера по кратка дискусија двапати со нож прободел шеснаесетгодишник во пределот на градите и стомакот и на улицата му нанел тешки повреди опасни по живот.
На повредениот најпрво му била укажана лекарска помош во Општата болница во Лесковац, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.
Осомничениот со кривична пријава е приведен во Вишото јавно обвинителство Лесковац и по сослушувањето на судијата за претходна постапка му одреди мерка притвор во траење до 30 дена
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
