
Автобус удрил во електричен тротинет и побегнал
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 01 Април 2025

Вчера околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, автобус удрил во електричен тротинет, управуван од Е.А.(51) од Скопје, по што возачот со автобусот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
