
Вчера 794 сообраќајни прекршоци на територијата на целата држава, 163 за брзо возење
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Април 2025

Од вкупно издадените 794 платни налози во текот на вчерашниот ден од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 269 платни налози, по основ на возење со брзина поголема од дозволената 163 санкции, за возење без возачка дозвола изречени се 69 мерки, извести МВР.
„Статистички гледано изречени се 57 мерки по основ на неносење сигурносен појас, потоа 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, 33 санкции за пешаци и три за неносење заштитен кацига.
Инаку вчера изречени се седум санкции за возење под дејство на алкохол. Согласно пак одредбите од Законот за возила, 12 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 10 возила затоа што не биле со важечка регистрација“, соопштуваат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
