Прилепчанец возел ем пијан, ем со забрана, полицијата го приведе

 

28-годишниот А.М. од Прилеп ноќеска е лишен од слобода откако бил фатен како управува автомобил под дејство на алкохол и со активна забрана за возење.

 

Според информациите од МВР, полициските службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, во 03.25 часот на улицата „7 Септември“ го сопреле патничкото моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки кое го управувал А.М.

 

По преземени мерки било утврдено дека возачот имал 1,80 промили алкохол во крвта, а дополнително било констатирано дека управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија.

 

А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.