
(Видео) Манасиевски: Втор ден како Филипче молчи и не се откажува од наркодилерот Андон Стојков, каков интерес штити?
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Мај 2025

Венко Филипче се уште има можност да се огради од наркодилерот Андон Стојков, ако тоа не го стори и денес, сериозно се фрла сомнеж дека поврзаноста меѓу нив е повеќе од пријателска, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Побара Венко Филипче да каже што интерес има од наркодилерот Андон Стојков, па мора да молчи со денови и да не смее да каже ниту збор.
Праша дали на Венко Филипче поважни му се пријателите наркодилери од самата партија.
„Венко Филипче мора да се одважи и да даде став, се откажува од наркодилерот Андон Стојков или не“, додаде Манасиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
