
(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Мај 2025

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Ќе го покани на средба за да му посака добро здравје.
„Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му поскам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела на која ќе сумираме што е тоа што е направено, и да му посакам, пред се добро здравје,тоа е она што на сите нам ни е најважно. Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките Али Амети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и, убеден сум, одлука на малкумина, тоа не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои се дел од оваа Влада. Чесно беше и доблесно самиот тоа да го направи, да не ги влече за нос Владата и граѓаните, но ете полека но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои што повеќе од две децении ја пустошеа, ја криминализираа, ја ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена. И тоа важи за сите граѓани без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби или останати“, рече премиерот Мицкоски по денешниот увод во градежните работи за изградба на градинка во скопско Инџиково.
Што значи излегувањето од Владата на Таравари, Мицкоски вели дека времето ќе покаже и уверува дека Владата е стабилна и фокусирана на проекти и борба против криминалот и корупцијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
