„Како се дефинира квалитет кај фирма без искуство“, прашува СДСМ за тендерот за униформите во МВР

„Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Откако вчера јавно призна дека МВР доделило тендер вреден 4 милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме“, велат од СДСМ.

„Наместо да се крие и да се претставува како борец за правда, да излезе и да одговори веднаш.

Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет? Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и да победи? Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела?

Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата. Како тоа се дефинира квалитет кај фирма без искуство, капацитет и историја на работење? Или квалитетот се квалитетни врски и провизии за Тошковски и ДПМНЕ?

СДСМ бара, ИТНА постапка од Јавното обвинителство, распит на сите вклучени во тендерот, испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер и перење пари и поништување на целиот тендер. Тошковски не може да избега од одговорност. Овој скандал е негов. Народот гледа“, соопштуваат од СДСМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.