Полицијата апсеше возачи на автопат – возеле и до 170 киломтри на час

 

На патот Тетово-Гостивар и Тетово-Скопје се приведени тројца возачи оти возеле и повеќе од 170 километри на час, што е 70 над дозволеното на местата на кои што биле затекнати.

 

„На 25.05.2025 во периодот од 17.20 до 18.45 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полицијата ги приведе Н.Н.(55) од Гостивар, А.А.(54) од Охрид и Л.С.(35) од с.Копачиндол, тетовско.

 

Н.Н. управувал патничко возило „фоксваген пасат“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена со 80 километри на час, А.А. управувал патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски таблички со брзина од 161 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час, додека Л.С. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максималната брзина со сообраќаен знак е 100 километри на час“, соопшти МВР.

 

Во консултација со јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Тетово и Гостивар тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.