Автомобил удри во пешак, затворен за сообраќај патот Крива Паланка – Деве Баир

 

Поради сообраќајна несреќа патот Крива Паланка – Деве Баир беше затворен во двата правци, информира АМСМ.

 

„На ден 26.05.2025 од 13.30 ч.има прекин на патен сообраќај А2 Крива Паланка кон Деве Баир во двата правци за секаков вид на моторни возила, поради случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и пешак“, информира АМСМ.

 

Сообраќајот се пренасочуваше преку централното градско подрачје на Крива Паланка само за патнички моторни возила.

 

Во 14.15 часот сообраќајот е нормализиран.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.