Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска навигација“

 

Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза на хартии од вредност.

 

„Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со одлука на Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје за член на Надзорниот одбор е избран Бесир Шабани“, пишува во соопштението.

\Во согласност со настанатата промена Надзорниот одбор на Акционерското друштво е во состав од членовите: Горан Јандреоски – претседател, Милорад Милановиќ – член и Бесир Шабани – член.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.