
Сончево и топло, попладне во планинските региони со услови за краткотраен пороен дожд
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Јуни 2025

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Утре во попладневните часови во планинските региони, а во четврток и петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
