
ДУИ за „Вреди“: Албанците никогаш нема да прифатат нивниот глас да се замени со луѓе покорени од страв од кривична одговорност
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Јуни 2025

Откривањето на незаконските активности на раководството на „Вреди“, како дел од т.н. „Урбан криминал“, само го потврдува предупредувањето:
ВМРО-ДПМНЕ ги создаде и ги избра токму затоа што се уценливи и контролирани преку отворени досиеја во обвинителството кое е целосно под контрола на власта, велат од ДУИ во партиското соопштение.
„Во Општина Чаир, изградбата на над 150 дивоградби, без дозволи, без сеизмички и статички стандарди и без каков било институционален надзор, претставува не само урбан криминал и сериозна закана за граѓаните, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски, кои сега се претворени во покорни алатки на антиевропската и антиалбанската агенда на Владата“.
Албанците, потенцираат од ДУИ, никогаш нема да ја прифатат оваа фарса од претставување, каде нивниот глас се заменува со луѓе покорени од страв од кривична одговорност.
Станува збор, како што оценуваат, за смислен проект со цел да се наруши меѓуетничката еднаквост, да се демонтира Охридскиот договор и да се изведе земјата од европскиот пат.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
