
СДСМ: Се случува организирано прикривање на одговорните во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Јуни 2025

„За најголемата несреќа во поновата историја на нашата држава, на семејстата, жртвите, на граѓаните, државата им ја должи целосната вистина, им должи правда и одговорност на виновниците. Од прв до последен. Но, наместо истрага која ќе ги опфати сите актуелни функционери и полициски службеници, наместо правда – гледаме селективност и заштита на виновниците“, велат од СДСМ.
„Наместо институционално расчистување – се случува организирано прикривање од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Од што се плаши власта, од што се плаши премиерот Христијан Мицкоски?
Дали главната причина е дека одговорноста води директно до врвот на власта?
Како е можно да нема одговорност кај полициските службеници кои на денот на пожарот биле на позиции и биле задолжени за безбедноста и одговорни за постапувањето на полицијата?
Како е можно надлежните да не одговараат за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 деца го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?
Дали ВМРО-ДПМНЕ е над сите закони во земјава?
Тоа што се партиски членови и блиски до ВМРО-ДПМНЕ или тоа што се блиски до Мицкоски и Тошковски е причината?
СДСМ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде заташкана. Ќе се бориме сè додека не бидат изведени пред лицето на правдата сите одговорни.
За загинатите деца, за нивните семејства и за иднината на оваа држава – мора да има правда за Кочани“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
