Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за апсењето на поранешниот директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој е под истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“.

 

„Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија. Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со прекиот суд, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој“, велат од партијата.

 

Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, и за првпат во историјата на државата одговорност има за сите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.