All for Joomla All for Webmasters

Општина Кичево со апел до граѓаните да го платат данокот на имот

Општина Кичево

Општина Кичево започна со доставување на решенија за данок на имот и ги повика граѓаните да го платат данокот во предвидениот рок. 


Подготвени се 17.276 решенија коишто даночните обврзници се должни да ги платат до крајот на годинава. Вкупната вредност на данокот на имот е 22.350.054 денари.


- Општина Кичево повикува да се наплатат решенијата во предвидениот рок. Наплатувајќи го данокот на имот, вие станувате дел од капиталните инвестиции на општина Кичево, придонесувате во подобрување на животот во вашата општина. Данокот на имот ќе се употреби за инвестиции, подобрување и изградба на улици, водоснабдување, изградба и подобрување на канализациони мрежи, создавање на јавни зелени површини, подобрување на условите по училиштата, јавната чистота, проширувањето на јавното осветлување и многу други проекти во интерес на граѓаните, се наведува во соопштението од општина Кичево.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.